ИСТОРИЈА


Нашите зачетоци датираат од првата половина на 90-те години. Почнавме со традиционалниот начина на продажба на свежо овошје и зеленчук на тезга на зелениот пазар Буњаковец. На почеток со изнајмување на една тезга за потоа да стигнеме на блок од 6 тезги. Желбите за зголемување и професионализирање на работата беа се поголеми. Во првата половина на 2000-те години, се одлучивме  за промена на традиционалниот начин на продажба на свежо овошје и зеленчук од тезга, за правните субјекти (ресторани и продавници). Нашата визија беше формирање на мрежа за дистрибуција, каде место купувачот да доѓа кај нас ние да одиме кај купувачот.
Во 2003 год. ја основавме компанијата Гама Интернационал. Главна дејност на компанијата е  дистрибуција на свежо овошје и зеленчук.
Во 2006 год. го проширува своето работење во една друга дејност, почнувајќи со дистрибуција на леб и бели пецива во Тетово (1 дистрибутивно возило) и Сарај (1 дистрибутивно возило).
Во 2007 год. компанијата има изнајмено магацински простор и канцеларии на ул. Христо Смирненски бр. 8 Скопје, од каде и денес продолжува да ја обави својата главна дејност.
Во 2011 во одделот на продажба на леб и бели пецива го проширува своето работење со вклучување на уште едно дистрибутивно возило во Тетово.


За нас

Компанијата денес брои 12 вработени.

Возен парк:

  • За дистрибуција на овошје и зеленчук – 4 комбиња
  • За дистрибуција леб и бели пецива – 4 комбиња
  • Патнички автомобили – 2 возила

ПРОИЗВОДИ:

 

 

wordpress best themes - 2012 wordpress theme - magazine wordpress themes